-0.9 C
Pehčevo

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Датум:

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводен цевковод со пропратна инфраструктура од постоечка каптажа на м.в.Требомир до граница на УПВНМ  Равна Река  Пехчево, КО Пехчево, Општина Пехчево, согласно законот од Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Пехчево, со Решение за формирана бр. 09-1135/1 од 16.09.2024 година, а врз основа на член 62  став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20, 111/23, 171/24 и 224/24 ), го издава следното:

                                                               РЕШЕНИЕ

     

           СЕ ОДОБРУВА Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ВОДОВОДЕН ЦЕВКОВОД СО ПРОПРАТНА ИНФРАСТРУКТУРА ОД ПОСТОЕЧКА КАПТАЖА НА М.В.ТРЕБОМИР ДО ГРАНИЦА НА УПВНМ  РАВНА РЕКА  ПЕХЧЕВО, КО ПЕХЧЕВО, ОПШТИНА ПЕХЧЕВОсо Тех. бр. 125/24 од ноември 2024 год.

     

     

                                                         ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

    Барателот РЕСУРС ЛТДИ дооел Кавадарци,  До Комисијата За Урбанизам Формирана Од Градоначалникот На Општина Пехчево,  Поднесе Барање за Одобрување на  Проектна Програма  за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводен цевковод со пропратна инфраструктура од постоечка каптажа на м.в.Требомир до граница на УПВНМ  Равна Река  Пехчево, КО Пехчево, општина Пехчево, со Тех. бр. 125/24 од ноември 2024 год.

    Со барањето ја приложи следната документација и докази:

    1. Предлог проектна програма
    2. Услови за планирање на просторот

     

    Градоначалникот на Општина Пехчево по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот за одобрување од Комисијата за урбанизам  под бр. 11-1323/2 од 07.11.2024 година, констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20, 111/23, 171/24 и 224/24). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

     

         УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:

    Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

    Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

     

                                                                                           ГРАДОНАЧАЛНИК:

                                                                                        Александар Китански

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...