0.3 C
Pehčevo

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода

    Датум:

    Соопштение за јавноста

    Пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната
    непогода (пороен дожд и град) што ја зафатија општината на ден 24.06.2024 им имаат
    нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, да пријават во
    просториите на општина Пехчево.
    Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 07:30 до
    15:30 часот заклучно со 05.07.2024 година (петок), во општина Пехчево. За подетални
    информации за пријавување на штетите, лице за контакт од општина Пехчево е
    Моника Шехтанска.
    Барањето за настанати штети можете да го превземете и по електронски пат
    преку пополнување на Пријавата за излез на лице место која може да ја превземете
    подолу.
    Барањата ќе бидат обработени од страна на Комисијата и ќе биде изготвен
    првичен извештај, кој ќе биде проследен до Влада на РСМ.

    Покрај барањето за излез на лице место, треба да се достави:
    * копија од лична карта за користење на потребните лични податоци;
    * копија од трансакциска сметка на барателот;
    * изјава дека имотот не е осигуран;
    * доказ за основ на користење на земјиштето (копија од имотен лист, копија од
    решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на
    земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, копија од договор за закуп).

    Општина Пехчево
    Градоначалник
    Александар Китански
    ____________________

    Пријавата може да ја симнете на следниов линк –

    Download (PDF, 2.47MB)

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...