Република Северна Македонија
БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ
за
За Реконструкција на административна зграда на Општина Пехчево за спроведување на мерки за енергетска ефикасност
Идентификациски бр.: MK-MOF-01-W-25-RFQ
- Република Северна Македонија обезбеди заем од Интернационалната банка за обнова и развој (ИБОР) за финансирање од Светска банка на трошоците за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и има намера дел од добиените средства од овој Заем да ги искористи за исплата по договор за “Реконструкција на административна зграда на Општина Пехчево за спроведување на мерки за енергетска ефикасност, со Идентификациски бр. MK-MOF-01-W-25-RFQ
- Општина Пехчево ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат “Реконструкција на административна зграда на Општина Пехчево за спроведување на мерки за енергетска ефикасност, со Идентификациски бр. MK-MOF-01-W-25-RFQ.
- Процесот на набавка ќе се спроведе согласно набавниот метод “ Барање за понуди-Request for quotations” согласно “Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) – набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) шесто издание, 2025 година” и е отворен за сите понудувачи како што е наведено во Прописите за набавка.
- Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации од Анетка Цветковска контакт телефон 075/223-786, е-маил anetkacvetkovska@yahoo.com, и да извршат увид во тендерската документација на адреса: ул.Равен бр.8 Пехчево, во период од 07:30 до 15:30 часот, но не подоцна од 15:30 часот.
- Барањето за поднесување на понуди на македонски јазик заинтересираните понудувачи може да го добијат по поднесување на писмено барање на следнава е-маил адреса: anetkacvetkovska@yahoo.com. Сите заинтересирани квалификувани понудувачи треба да се пријават преку електронска пошта (e-mail) со детали за контакт на нивната компанија, вклучувајќи и електронска пошта (e-mail) со цел преземањето на Барањето за поднесување на понуди, кое вклучува и Анекс 1 кој содржи: предмер-пресметка, основен проект, вклучувајќи технички опис и цртежи за објектот и Услови за животна средина и социјални аспекти. Поради големината на Анекс 1, тој ќе биде доставен до понудувачите кои доставиле барање/ пријава на УСБ меморија или ќе ви бидат испратени по електронски пат преку WeTransfer (целокупната документација испратена преку WeTransfer мора да се преземе најдоцна во рок од три дена, од денот на прием на мејлот).
- Понудите треба да бидат во дадениот формат заедно во затворен плик, со ознака:Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор,: Идентификациски бр.: MK-MOF-01-W-25-RFQ, со назнака „Не отворај до 02.04.2026 година, до 15 часот – понуда за „Реконструкција на административна зграда на Општина Пехчево за спроведување на мерки за енергетска ефикасност”, адресиран и доставен на следната адреса:
Општина Пехчево
ул. Равен бр.8, 2326 Пехчево
Република Северна Македонија
- Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени.
ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТ ->
MK-MOF-01-W-25-RFQ - Тендерска-Барање за прибирање на понуди
ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТ ->
Повик за доставување на понуди MK-MOF-01-W-25-RFQ, О. Пехчево
