7.6 C
Pehčevo

    ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на ЈКП „КОМУНАЛЕЦ“ – Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен Весник на Република Македонија“ бр.05/2002), а во врска со член 19-а и член 23 од Законот за јавните претпријатија (Сл. Весник бр. 275/19, 89/22 и 274/22), Градоначалникот на општина Пехчево распишува

    ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на ЈКП „КОМУНАЛЕЦ“ – Пехчево

          Се распишува Јавен Конкурс за избор на Директор на Јавно комунално претпријатие Комуналец – Пехчево. За директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови: • е државјанин на Република Македонија • има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, • има минимум 5 (пет) години работно искуство. • поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English:First) – положен, БУЛАТС (BULATS) C1 – најмалку 60 бода или АПТИС(APTIS)-најмалку ниво Б2(В2).

         Со пријавата кандидатите треба да приложат: • Уверение за државјанство; • Заверен препис на диплома за завршена стручна подготовка; • Потврда за работно искуство; • Кратка биографија-CV; • Сертификат за познавање на јазик, • Потврда од надлежен орган дека не му е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност; • Програма за работа и развој на претпријатието. • Работното време е од 07:00 – 15:00 часот, од понеделник до петок, 40 работни часа во неделата, а паричниот износ на нето платата изнесува 45.000 денари.

         Секој заинтересиран кандидат потребно е да достави Пријава и документи во оригинал или заверени на нотар, како доказ за исполнување на горенаведените услови. Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена, сметајќи го денот на објавувањето во дневниот весник. Пристигнатите документи по Јавниот Конкурс ќе ги прегледува три члена Комисија избрана од Градоначалникот и во рок од 8 (осум) дена по истекот на Конкурсот целокупната документација ја доставува до Градоначалникот на Општината, кој во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на доставувањето на документацијата донесува Одлука за избор на Директор на јавното претпријатие. Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што не ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни и истите нема да се разгледуваат.

          Пријавите со потребната документација, кандидатите треба да ги достават до архива на општина Пехчево или по пошта на адреса: ,, Општина Пехчево, ул.,,Равен,, бр.8 , 2326 Пехчево , со назнака за конкурс за избор на директор на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево.

    Општина Пехчево

    Градоначалник

    Александар Китански

    Download (PDF, 848KB)

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...