18.9 C
Pehčevo

    Асфалтирањето на главната улица во село Робово

    Датум:

    Во завршна фаза e асфалтирањето на главната улица во село Робово
    Асфалтирањето на главната улица во село Робово влегува во својата завршна фаза, при што денеска се изведува поставување на завршниот слој на асфалт. Со реализацијата на овој инфраструктурен проект значително ќе се подобрат условите за движење и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
    На терен присуствуваше и градоначалникот на Општина Пехчево Aлександар Китански, кој изврши увид во текот на градежните активности и истакна дека локалната самоуправа продолжува со инвестиции во патната инфраструктура во населените места.
    „Подобрувањето на локалната патна инфраструктура останува еден од нашите приоритети. Со завршувањето на оваа улица жителите на Робово ќе добијат поквалитетен и побезбеден пристап“, истакна градоначалникот.
    Од Општина Пехчево упатуваат апел до жителите и сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и привремениот режим на движење, со цел безбедно одвивање и комплетирање на активностите на терен.
    Се очекува градежните работи целосно да завршат во наредниот период, по што улицата ќе биде ставена во целосна употреба, воедно истакнуваме и благодарност до Владата на Република Македонија и премиерот Проф. Др. Христијан Мицковски, кои финансиски го поддржаа овој проект.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...