0.9 C
Pehčevo

    JABEН ПОВИК За “крајни корисници” за користење на услуги од проектот “Нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Општина Пехчево“

    Датум:

    JABEН ПОВИК

    За “крајни корисници” за користење на услуги од проектот “Нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Општина Пехчево“ Се повикуваат сите заитересирани граѓани кои имаат потреба од услугата нега и грижа во домот, и ги исполнуваат следните категории:

    -стари, осамени и изнемоштени лица, хронично болни лица, лица кои боледуваат од алцхајмер, мултиплекс склероза кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, Проект ” Нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Општина Пехчево” како “крајни корисници” односно да бидат корисници на услуга – организирана посета од страна на обучени лица за помош и нега во домашни услови, да поднесат Пријава за учество.

    Работните активности кои се предвидени со проектот ” Нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Општина Пехчево “ предвидуваат социјална заштита и вклученост на стари/изнемоштени лица односно лицат ако и се во ризик, стари и самилица, лица со тешка здравствена состојба за кои нема кој да се грижи, да ги посетуваат патролни работници кои ќе бидат постојано во контакт за секојдневно следење на нивната здравствена и социјална состојба и поддршка на нивните секојдневни активности.

     

    Истите предвидуваат но не ограничуваат:

    • Услуги од основен пакет на медицинска заштита (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта и др.)
    • Консултации со матичен доктор и набавка на лековина дневна основа
    • Помош при движење и заеднички прошетки
    • Набавка на продукти за исхрана и други потреби во домаќинството
    • Приготвување на топол оброк/напиток
    • Поддршка во одржување на хигиената во домот на крајниот корисник
    • Вршење на поситни работи во домаќинството (миење садови, внесување дрва за огрев и сл.)
    • Плаќање на сметки
    • Достава на храна

    Крајните корисници (или во нивно име друго лице) Пријава за учество во проектот ” Нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Општина Пехчево” можат да поднесат во Општина Пехчево, кај лицето Никола Каракашов, најдоцна до 28.11.2025 година.

    Изборот на пријавените кандидати — крајни корисници ќе биде извршен во консултации со матичните доктори и претставници од МТСП, ЈУ Меѓуопштински центар за социјал ни работи — Берово, АВРСМ ЦВ Берово и Општинската Комисија за следење на проектот. Проектот ” Нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Општина Пехчево” ќе се имплементира на територија во општина Пехчево за грижа и нега односно лицата кои се во ризик во времетраење од 18 месеци.

    Детални информации за Јавниот повик можат да се добијат во Општина Пехчево кај лицето Никола Каракашов, на тел.033441321 и на интернет адреса: www.pehcevo.gov.mk.

     

    Пехчево                                                                                          Општина Пехчево

    21.11.2025                                                                                        Градоначалник

    с.р.Александар Китански

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 5-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Повик за поднесување на понуди за Експерт/ Консултант во проект

    ОГЛАС / ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДИ (Услуги – експерт/консултант) Референца: ADRISKY/TAP-LP/2025/01 Општина...