28.2 C
Pehčevo

    Прва фаза од проектот за реконструкција на Културниот дом во село Црник

    Датум:

    Започна првата фаза од реконструкцијата на Културниот дом во село Црник

    Општина Пехчево започна со реализација на првата фаза од проектот за реконструкција на Културниот дом во село Црник, инвестиција која има за цел да создаде современ и функционален простор за културни, образовни и општествени активности.

    Со реализацијата на проектот ќе се подобрат условите за организирање на културни манифестации, приредби, јавни настани и други активности од значење за локалната заедница, со што ќе се придонесе за збогатување на културно-забавниот живот на жителите на село Црник.

    Реконструкцијата на Културниот дом претставува значајна инвестиција во развојот на руралните средини и потврда на заложбите на Општина Пехчево за создавање поквалитетни услови за живот и поголема достапност до културни содржини за сите граѓани.

    Општина Пехчево и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти кои придонесуваат за развој на локалната инфраструктура, унапредување на јавните објекти и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места на територијата на општината.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...