21.8 C
Pehčevo

    Одлука за определување на начинот на распределба и цената за користење на просторот на плоштадот, за вршење на дејности за време на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски Павловден – 2026

    Датум:

    OДЛУКА

    за определување на начинот на распределба и цената за користење на просторот на
    плоштадот, за вршење на дејности за време на Фестивалот на дувачки оркестри

    Пехчевски Павловден – 2026

    Член 1

    За одржување на фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево, за период од два
    дена (10-ти, 11-ти јули 2026 година) за чествување на празникот Павловден, ќе се издава
    под закуп површината на плоштадот за поставување на урбана опрема (маси и столови).

    Член 2

    Доделувањето на парцелите ќе се дава по одредена фиксна цена определена со
    Одлука од страна на Советот на општината. Право на приоритет на добивање на
    локација ќе имаат сопствениците на угостителските објекти пред нивните локали.
    Доколку сопствениците на угостителските објекти пред кои има површина, која е
    предмет на продажба, не се согласуваат да го купат просторот, предност имаат други
    купувачи доколку ги има. Другите локации ќе се доделуваат по принципот на слободни
    локации со приоритет согласно времето на пријавување и плаќање на надоместокот.
    Изготвена е скица со распоред на парцелите со број и површина.
    Цените на парцелите се следните:
    – Парцела Кит – го со П=140 m 2 по цена од 150 ден/m 2 за ден
    – Парцела Лепак со П=120 m 2 по цена од 120 ден/m 2 за ден. Oваа парцела е пред
    Комерцијална Банка, па поради тоа влезот пред банкоматот не смее да биде
    затворен!
    – Парцела Меанче со П=150 m 2 по цена од 100 ден/m 2 за ден
    – Парцела бр.1 со П=120 m 2 по цена од 80 ден/m 2 за ден
    – Парцела бр.2 со П= 120 m 2 по цена од 80 ден/m 2 за ден
    – Парцела бр.3 со П= 120 m 2 по цена од 80 ден/m 2 за ден

    Член 3

    Минимум купена површина за предложените парцели е 70% од понудената површина.

    Член 4

    – Угостителите кои сакаат да купат простор за скара треба да уплатат 10.000 (десет
    илјади денари) од ден, за простор за скара до 20м 2 .
    – Парцелите од бр.1 до бр.41 на паркинг плац по цена од 100 ден/m 2 за ден

    – Ако некој е заинтересиран да го закупи целиот паркинг простор или
    минимум 200м 2 е должен уплатата да ја изврши заклучно до 07.07.2026 год
    (вторник) по цена од 50 ден/m 2 за ден со претходна пријава во одд. за
    урбанизам комунални дејности и заштита на животната средина.

    Член 5

    Се забранува пoставување на штандови на површини кои не се предвидени во
    графичкиот прилог, даден во прилог на оваа одлука.

    Член 6

    Уплатата на средствата се врши од страна на корисникот, на трезорска сметка на
    Буџет на општина Пехчево 100000000063095, уплатна сметка 840-154-03317, приходно
    конто 717135, програма 00 со претходна пријава во одд. за урбанизам комунални
    дејности и заштита на животната средина.
    Член 7

    Органот е надлежен да издаде Одобрение за користење на просторот, по
    претходно доставен доказ за извршена уплата за површина определена во барањето на
    корисникот. Без претходен доказ за извршена уплата за користење на просторот НЕ
    се издава одобрение за користење.

    Член 8

    Се задолжува градоначалникот на општина Пехчево да ги овласти комуналните
    редари во општина Пехчево и вработените во одделение за урбанизам комунални
    дејности и заштита на животната средина да извршат обележување на секоја од
    парцелите и да постапат согласно нивните надлежности.
    Член 9

    Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен гласник на
    Општина Пехчево.

    Совет на општина Пехчево
    Претседател

    Миле Гошевски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Дневен ред за 9-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...