7.8 C
Pehčevo

    Дневен ред за 6-та седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 6-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 23.04.2026 год (четврток). 6-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 5-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог oдлука за разрешување на членови на управен одбор на ЈКП Комуналец – Пехчево;
    3. Предлог oдлука за именување на член на управен одбор во ЈКП Комуналец – Пехчево;
    4. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за член на управен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    5. Предлог oдлука за сопствено учество (кофинансирање) и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево за реализација на проектот -„Регионален центар за згрижување и контрола на популацијата на кучиња скитници и ветеринарно здравство во Источен плански регион“;
    6. Предлог oдлука за сопствено учество (кофинансирање) и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево за реализација на проектот -“Реконструкција на постоечко школско игралиште во ООУ Ванчо Китанов – Пехчево, подрачно училиште во село Црник”;
    7. Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за работењето на центарот за развој на источен плански регион за 2025 година;
    8. Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за реализација на програмата за развој на источен плански регион за 2025 година;
    9. Предлог програма за активностите на општина Пехчево за ревитализација по елиминирање на кризи во областа за заштита и спасување во 2026та година;
    10. Барање од граѓани;
    11. Советнички прашања;

     

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Миле Гошевски с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Јавен повик за доставување на понуди за реконструкција на административна зграда на општина Пехчево

    Република Северна Македонија   БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ за   За  Реконструкција на административна...

    ЈАВЕН ПОВИК за членови на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    Во согласност со одлуката на Владата за што поголема...