20.2 C
Pehčevo

    Дневен ред за 38-ма седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 38-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 22.09.2025 (понеделник). 38-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 37-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за усвојување на Годишен план за вработување во ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2025 година;
    3. Предлог одлука за определување на местата и условите за истакнување на изборни плакати за Локални избори 2025 година;
    4. Предлог одлука за давање на позитивно мислење за измени и дополнувања на Статутот на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
    5. Предлог одлука за прифаќање донација – Книги;
    6. Предлог одлука за усвојување на шестмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево од 01.01.2025 до 30.06.2025 година;
    7. Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – јуни 2025 година;
    8. Предлог одлука за утврдување на приоритет за аплицирање на Проектот на UNDP и Шведската Агенција за меѓународен развој (СИДА) „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“;
    9. Барање од граѓани;
    10. Советнички прашања;

     

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Виолета Ѓорѓиевска с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 11-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...