11.7 C
Pehčevo

    Реконструкција и рехабилитација на постоечки пат во село Робово

    Датум:

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција и рехабилитација на постоечкиот пат во село Робово

    Општина Пехчево започнува со реализација на проектот „Реконструкција и рехабилитација на постоечки пат во село Робово“, со кој ќе се подобри патната инфраструктура и условите за живот на жителите на селото.

    Проектот е одобрен согласно Отворениот јавен повик за финансирање на предлог-проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година, по одделни мерки и активности за рамномерен регионален развој, финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа.

    Со реализацијата на проектот ќе се изврши реконструкција и рехабилитација на постоечкиот пат во село Робово, со што значително ќе се подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура, ќе се овозможи полесен пристап до домовите и земјоделските површини, како и подобри услови за секојдневното функционирање на локалното население.

    Вкупната вредност на проектот изнесува 3.422.642,00 денари, а изведувач на градежните работи е градежната компанија „Грамада“ ДООЕЛ – Берово.

    Општина Пехчево и понатаму останува посветена на реализација на инфраструктурни проекти кои придонесуваат за рамномерен регионален развој, унапредување на локалната инфраструктура и создавање подобри услови за живот во сите населени места на територијата на општината.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    РЕШЕНИЕ за одобрување проектна програма

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица - за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 13-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Jавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040

    Почитувани, Центарот за развој на Источниот плански регион во име на Министерството...