Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 27-та седница на советот.
27 седница на Советот на општина Пехчево е закажана за 30.01.2020 четврток со почеток во 13 часот.
Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:
ДНЕВЕН РЕД
2. Предлог одлука за определување на ширина на крајбрежниот појас на Робовска река покрај опфат на с.Робово, опфатен со урбанистички план за с.Робово, општина Пехчево;
3. Предлог одлука за определување на ширина на крајбрежниот појас на Негревска река Поток 1 и Поток 2, во општина Пехчево, опфатен со урбанистички план за село Негрево општина Пехчево;
4. Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на годишен план за вработување воООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2020 година;
5. Предлог одлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2020 година;
6. Предлог одлука за усвојување на финансиски план на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2020 година;
7. Предлог одлука за усвојување на годишен план за јавни набавки на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2020 година;
8. Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2020 година и годишен извештај за Програмата за 2019 година;
9. Предлог oдлука за ослободување од партиципација на ромски деца на возраст од три до шест години за престој во Детска градинка ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за периодот од 01.01.2020 – 31.08.2020 година;
10. Предлог oдлука за утврдување на максималниот износ на вредност на бод за пресметување на плата на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца – ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2020 година;
11. Предлог одлука за усвојување на иницијатива за финансирање на ЛУПД за изградба на Е2-комунална супраструктура фотоволтаична централа со капацитет до 1MW на КП 2322, КП 2323, КП 2324, КП 2325, КП 2326 и др. КО Негрево, општина Пехчево
12. Предлог одлука за усвојувaње на Годишната програма за финансирање на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2020 година;
13. Барања од граѓани;
14. Советнички прашања;
15. Тековни активности;
16. Предлог oдлука за донесување на ДУП Стара Касарна Пехчево, општина Пехчево;
17. Предлог oдлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 година;
Совет на општина Пехчево
Претседател
Николчо Јовчев с.р