11.9 C
Pehčevo

    Пехчево утре слави 69 години од ослободувањето

    Датум:

    Утре, Пехчево одбележува 69 години од ослободувањето. Празникот на градот ќе се одбележи со повеќе настани.

    Почитувани граѓани,

    Градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски и претседателот на Советот на општина Пехчево Стојче Стефановски, со посебна чест и задоволство Ве покануваат на свеченото одбележување на Денот на ослободувањето на Пехчево – 7 Септември.

    Утре, Пехчево одбележува 69 години од ослободувањето. Празникот на градот ќе се одбележи со повеќе настани.

    На 7 Септември секоја година Пехчево ја прославува годишнината од ослободувањето, кога борците на 4-тата Македонска народноослободителна бригада во раните утрински часови го ослободиле Пехчево, прогонувајќи го фашистичкиот окупатор.

    Светата слобода што дојде пред 69 години, широко ги отвори вратите за развој на нови зафати и продолжување на револуцијата, но најнапред за се што беше срушено.

    Прославувајќи годишен јубилеј на слободен живот и растеж причинува посебно задоволство да се направи осврт и да се зборува за она што граѓаните на Пехчево и околните населби успеале да направат и постигнат за овие години.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода 2026

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната...

    Дневен ред за 7-ма – вонредна седница

    Врз основа на член 40 и член 48 точка...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...