-1.3 C
Pehčevo

    Во Пехчево се одржа информативна сесија за можностите за обука и активација на пазарот на труд

    Датум:

    Мерки за вработување1

    Во Пехчево се одржа информативна сесија за можностите за обука и активација на пазарот на труд на невработените лица.

    Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, беше претставен од страна на Љупчо Димитровски од Центарот за вработување кој рече дека овој операривен план е приоритет на сите граѓани, пред сè на младите луѓе во нивните напори за барањето начин како да се дојде до работно место.

    -За Оперативниот план за вработување 2019 година од Владата издвоени се рекордни 1,1 милијарда денари за вработување и отворање нови бизниси. Во 2019 ќе им се даде шанса на сите оние кои имаат образование, а се без работа, да се приспособат на фактичката состојба и да се активираат на пазарот на трудот. Преку Оперативниот план ќе се овозможи полесно изнаоѓање работа на граѓаните во Република Северна Македонија. А преку овој оперативен план директно ќе се помага на лицата од ранливите категории и лицата со посебни потреби во нивното изнаоѓање трајно решение околу обезбедување на нивни приходи, истакна Димитровски.

    Мерки за вработување

    Димитровски додаде дека обуките кои се предмет на Јавниот оглас ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки и истите ќе се реализираат во период од 3 месеци, по чие завршување кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец.

    Оваа програма предвидува лицата кои ќе бидат вклучени во обуките да добијат месечен надомест од 9 илјади денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест како и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

    Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука. На корисниците на паричен надоместок и на корисниците на правото на парична помош од социјална заштита, за времетраењето на обуката не ги губат стекнатите права.

    Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати и спроведувачи на обука. Во обуките не може да учествуваат лица кои предходно биле вклучени во оваа мерка. Заинтересираните невработени лица можат да поднесат пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 9 до 14 часот до 20 март 2019 година.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...