Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 16-та седница на советот.
16-тата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за 01.02.2019 (пeток), со почеток во 13 часот.
Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 15-тата седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог извештај за работата на советот за 2018 година;
3. Предлог одлука за утврдување вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година;
4. Предлог oдлука за финансиско учество на општина Пехчево во имплементацијата на проектот ,,Изградба на дел од улица 1 во индустриска зона Чуката, Пехчево, општина Пехчево,,;
5. Предлог одлука за престанок и за давање на времено користење Моторно возило, на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
6. Предлог одлука за висината на цената за плаќање на извршена услуга – утовар со ровокопач JCB 4CX;
7. Предлог програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Пехчево за 2019 година;
8. Предлог програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2019 година;
9. Предлог одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Пехчево во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2);
10. Барања од граѓани;
11. Советнички прашања;
Совет на општина Пехчево
Претседател
Николчо Јовчев с.р