9.8 C
Pehčevo

    Градоначалниците од крајниот исток остварија средба со европратеникот Андреј Новаков

    Датум:

    Градоначалниците на Пехчево, Берово и Делчево, интензивно ги градат врските на развој на регионот и соработка во реализација на проекти. Тие во петокот во општина Делчево остварија работна средба со бугарскиот европратеник Андреј Новаков.

    Европратеник-

    Целта на средбата беше,  продлабочување на соработката на општините од регионот со општини од соседна Бугарија и поголемо искористување на средствата од европските фондови.

    Европратеникот Новаков  ги предочи можностите кои се отвораат за аплицирање со проекти од областа на инфраструктурата или меки мерки, преку новите фондови, кои досега  не беа достапни.

    Трите општини, како микрорегион, ќе имаат можност за аплицирање со разработени проекти, посебно од областа на туризмот, да го развиваат регионот користејќи европски фондови.

    Европратеникот Новаков  го потенцираше значењето на фондовите и најави повеќе средства од европските фондови за Македонија.

    ,,Се радувам што успеавме да се видиме со градоначалниците од Берово, Пехчево и Делчево и сакам да истакнам дека во иднина, средствата ќе бидат многу поголеми за општи проекти за соработка, но ќе има и европски програми  кои можат да се користат  од општините и од младите, од образовните институции, претпримачите и верувам дека искористувањето на тие средства ќе биде од корист на двете страни,” – истакна европратеникот.

    Европратеник

    Градоначалниците истакнувајќи ги своите приоритети, ги согледуваа можностите за делување на регионално ниво и решавање на проблеми од големо значење и за општините поединечно, но и за регионот.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...