ОБЈАВА број 03/2018
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во општина Пехчево
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
- 1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со УПВНМ за Tуристички лоаклитет ,,Равна Река” – Општина Пехчево, донесен со одлука број 07-1426 од 06.09.2013 година , согласно Табеларен преглед бр.1 и градежно неизградено земјиште предвидено со ДУП на Пехчево на ул. 27ми март бр.12 и 8ми Март бр.35 согласно табеларен преглед бр.2 , во кои се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, намена на градба, максимална висина и катност, вкупна површина на градежната парцела, процент на изграденост, коефициент на искористеност, максимална дозволена површина за градење, бруто развиена површина и банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ од 100% до 500% од вкупната почетна цена на градежното земјиште.