9 C
Pehčevo

    Одбележан месецот на книгата во пехчевската градинка 7 Септември

    Датум:

    По повод месецот на книгата, денеска во просториите на детската градинка „7ми Септември“ се одржа интерактивна настава во соработка со Матична библиотека „Кочо Рацин“ и средната група дечиња од детската градинка „7 ми Септември“ од Пехчево.

    Месец на книгата градинка

    Активноста се состоеше од интерпретација на сказната „Црвенкапа“ од страна на библиотекарката Габриела Костадинова.

    Таа им ја прочита приказната на дечињата, а тие имаа за задача да одговараат на поставените прашања. Целта на оваа интерактивна настава беше да се види колку дечињата од средната група кои не знаат да читаат  сепак можат да ја перцепираат и меморираат содржината на сказната.

    Месец на книгата градинка1

    Сите дечиња беа активно вклучени и точно одговорија на поставените прашања од страна на  Габриела Костадинова. Но, тоа не беше се. И дечињата со учителката Розмарина Мицевска на вработените од библиотеката им ја подготвија приказната „Трите мечиња“, каде преку цртежи дечињата ја прераскажаа приказната.

    Бидејќи активноста беше успешно реализирана како награда за нивниот труд директорката на библиотеката Јасмина Цековска им додели подарарок на секое дете.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Посета на фабриката Росенбауер во Горна Радгона, Република Словенија

    Посета на фабриката Росенбауер – Инвестиција во безбедна иднина...

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија Градоначалникот Александар...

    Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна посета на Помурската стопанска комора во Словенија

    Денес Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна...

    Дневен ред за 35-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...