Вчера во просториите на библиотеката „Кочо Рацин“ се одржа литературно читање во вид на рецитал насловен „Спомени на болката“ во изведба на Габриела Костадинива, Јасминка Цековска и Драган Колевски, автор Габриела Костадинова.
На самиот почеток Костадинова ги поздрави присутните со топло добредојде и истакна дека поводот за пладневното литературно читање е 14 Февруари денот на св.Трифун и св.Валентин- денот на вљубените. Таа на присутните гости им објасни кое е значењето на празнувањето на Св.Трифун и Св.Валентин. Пред присутните најмалата читателка Лина Велковска се престави со песната „Празник на грозјето“ посветена на Св.Трифун, а директорката Јасмина Цековска го прочита расказот „Се уште те сакам“ од Габриела Костадинова кој минатата година на литературниот конкурс „Прозно перо“ го освои првото место.
-Поводот што денеска сме собрани овде во просториите на библиотеката во ова февруарско попладне е во чест на двата празника Св.Трифун и Св.Валентин. Затоа ви посакувам добредојдовте во ова наше мало, скромно, но сепак пријатно и топло литературно катче за читање, дружење и релаксирање. Зошто навистина ќе биде така, после литературното читање ќе следуваат моменти на дружење и забава.“- истакна водителката и поетеса Габриела Костадинова.
Низ една необична, интересна и шеговита игра водителката Габриела заедно со директорката Јасмина, ги натераа дел од присутните со читање на љубовни пораки да глумат и со мала доза на емоции да подарат плишено срце во знак на љубовта и виното. За најдобро исчитаната порака следуваше и награда љубовен коктел.
На пладневната средба во библиотеката присуствуваше и градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски.
На крајот забавата заврши со мал, скромен коктел што го приредија вработените во библиотеката „Кочо Рацин“