4.4 C
Pehčevo

    Завршна конференција од проектот „Заедничка интегрирана политика за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион“ во Пехчево

    Датум:

    Во рамки на проектот „Заедничка интегрирана политика за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион“ вчера во Пехчево во хотел Гогов се одржа завршна конференција.

    Во рамки на проектот „Заедничка интегрирана политика за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион“ вчера во Пехчево во хотел Гогов се одржа завршна конференција.

    Проектот е реализиран со подршка од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка, а е имплементиран од страна на Здружението „Амброзија“ – Пехчево, во партнерство со Кластерот на обновливи извори на енергија од регионот на Благоевград.

    Јасминка Пашалиска Андоновска од Здружението „Амброзија“ истакна дека целта на завршната конференција е да се презентираат резултатите од проектните активности, вклучително и заедничката политика за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион подготвена во рамки на проектот.

    -Извршена е аналаиза на состојбата со јаглеродна емисија во пограничниот регион  – беше подготвен инвентар за стакленички гасови за општините вклучени во проектните активности (Пехчево,Берово, Виница и Делчево од Македонија и Благоевград, Симитли, Кресна, Струмјани и Сандански од Бугарија). Извршен е и мониторинг на загадувањето на воздухот, од страна на акредитираните лабаратории во двата региона беше спроведен мониторинг на воздухот и подготвен е план за подобрување на квалитетот на воздухот, истакна Пашалиска – Андоновска.

    Таа додава дека е подготвен и заеднички документ за нискојаглеродна прекугранична политика која е клучна активност на проектот, со кој се опфатени двете општини, со учество на локалните засегнати страни од двата региона.

    Подготвени се извештаи за јаглероден отпечаток со препораки за јавните установи и деловните објекти во регионот, што ќе им даде рамка за следните активности за намалување на потрошувачката на јаглерод, додава Пашалиска – Андоновска.

    Инаку, проектот се спроведуваше 15 месеци.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...