Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски донесе решение за свикување на 33 седница на советот.
33-та седница на Советот на општина Пехчево е закажана за вторник 29.08.2017 година, со почеток во 09 часот.
Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:
ДНЕВЕН РЕД
за 33-та седница на советот на Општина Пехчево
- Усвојување на записникот од 32-та седница на советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за редовно ажурирање на ,,Процена на загрозеност на подрачјето на општина Пехчево од сите ризици и опасности,,;
- Информација од ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за членови на управен одбор во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
- Предлог за член на управен одбор во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево од Министерството за труд и социјална политика;
- Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
- Информација од ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за финансиски извештај за самофинансирачка сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево (приходи, расходи);
- Предлог одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Буџетот на ОЈУДГ ,,7 Септември – Пехчево за 2017 година – ребаланс;
- Предлог одлука за усвојување на годишниот извештај за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2016/2017 година;;
- Предлог одлука за усвојување на годишната програма за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2017/2018 година;
- Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2016/2017 година;
- Предлог одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2017-2018 година;
- Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на Манифестацијата „Бела ноќ 2017,,;
- Предлог одлука за доделување на благодарници по повод ,,7-ми Септември,, – Денот на ослободување на Пехчево за 2017 година;
- Предлог одлука за усвојување на Одлуката за промена на висина на цена за влез на оператор за погребување за користење на инфраструктурата на градските гробишта во Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на Одлуката за усогласување на стопанисувањето на претпријатието ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево со градските гробишта;
- Известување од ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за сметките за комунален отпад во с.Црник;
- Барања од граѓани;
- Советнички прашања;
- Тековни активности