7 C
Pehčevo

    Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево полноправен член на Светската асоцијација WASBE

    Датум:

    Фестивал 3 вечер.

    Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево влезе во семејството на Светската асоцијација на дувачки оркестри WASBE, со што се отвора вратата за развој на фестивалот и надвор од Балканот. Проф.д-р Васил Ристов, долгогодишен член на жири-комисијата на фестивалот, истакна дека станувањето полноправен член во оваа Асоцијација за овој релативно млад фестивал и единствен за дувачки оркестри во Македонија, значи развој и излегување од локални рамки.

    – На Конференцијата за Централна и Југоисточна Европа за дувачки оркестри која се одржа во Зрењанин, јас како претставник од Македонија, одржав презентација за фестивалот во Пехчево со цел да ја претставам традицијата на трубите и фестивалот кој опстојува седум години. Бев назначен за претстедател на Македонија во таа Асоцијација со што и автоматски се зачленив во Светската асоција со седиште во Чикаго. Исто така, и фестивалот во Пехчево влезе и официјално во тоа семејство за дувачки оркестри за Цетрална и Југоситочна Еврпа. Очекувам соработка со многу земји и сето ова ќе му донесе нов квалитет на фестивалот, рече Ристов.

    За гадоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, ова е голем успех и можност за развој и нов квалитет на фестивалот.

    – Со самиот тој факт, верувам дека ќе постигнеме поголем ефект и за Пехчево ќе дознаат многу поголем број граѓани од целиот свет. Нешто слично како развојот на Гуча, таму имаат гости од целиот свет и верувам дека ова ни ги отвора вратите за да излеземе од локални рамки и очекуваме тоа да се случи во нашето градче, истакна Поповски.

    Фестивал 3 вечер...

    Со концертот на „Црвена јабука“ синоќа беше затворено седмото издание на фестивалот. И покрај лошите временски услови со силен дожд и ветар, сепак, синоќа Пехчево го посетија илјадници гости од цела Македонија и соседна Бугарија.

    – Задоволни сме од трите фестивалски вечери, задоволни сме од посетата, илајдници гости го посетија Пехчево за овие три фестивалски вечери. Се надевам дека посетителите беа задовони од организацијата, а за догодина најавуваме нов изглед на фестивалот, кој треба уште повеќе да го подигне квалитетот на фестивалот, истакна директорката на Фестсивалот, Елица Јовевска.

    Фестивал 3 вечер

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...