8.7 C
Pehčevo

    Започна седмото издание на традиционалниот Фестивал на дувачки оркестри – Пехчево 2017

    Датум:

    Фестивал3

    Со ревијален настап на дувачки оркестри од Бугарија и Србија,и со концертот на Љубојна синоќа во Пехчево започна седмото издание на традиционалниот Фестивал на дувачките оркестри -Пехчево 2017. Концертите на познати балкански дувачки орекестри на првата вечер од Фестивалот ја проследија илјадници гости од регионот и цела држава, како и од соседна Бугарија.

    Фестивал

    На отворањето на фестивалот, градоначалникот Игор Поповски истакна дека Пехчево ја продолжува оваа убава традиција која прераснува во бренд на Источна Македонија, но и на цела држава, а трубите станаа синоним за Пехчево.

    – Сакајќи да ја сочуваме традицијата на малешевските труби кои се составен декор од секоја слава и забава во овој наш крај, ние го изградивме овој фестивал за да ја сочуваме и афирмираме традицијата на малешевските труби, но и звукот на трубите од Пехчево, да одекне надалеку во светот. Вечерва сум повеќе од убеден дека ја остваруваме целта, и од година во година се развиваме и тоа и го докажуваме, истакна Поповски.

    Тој додаде дека Фестивалот има уште една приоритетна цела, а тоа е промоција на Пехчево како атрактивна туристичка дестинација, но самото одржување на фестивалот има и голем придонес во локаланта економија .

    -Овој фестивал со години го посетваат десетици илјади гости. Очекувам така да биде и за време на овие три фестивалски вечери. Тоа многу значи за локалната економија, за развој на приватниот бизнис од областа на туризмот , а развојот на туризмот во овој дел од Малешевијата е нашата стратешка цел, истакна Поповски.

    Фестивал2

    Проф. д-р Васил Ристов кој изминатите шест години беше член на жири- комисијата, истакна дека ова седмо издание на фестивалот има ревијален карактер и на сцената на Фестивалот ќе настапат најдобрите дувачки оркестри од Балканот.

    -Шест години имавме одлични оркестри. Ние успеавме да одржиме квалитет на фестивалот кој е неповторлив за пошироки балкански рамки. Секогаш првонаградениот и второнаградениот на овој фестивал ги испраќавме на Гуча во Србија, каде го потврдуваа квалитетот. Така, Џамбо Агушев во 2011 освои во Пехчево златна труба, а во 2012, Агушеви беа најдобар орекстар во светот. Во 2013 Демир Кантуровски освои златна труба во Пехчево, а 2014, Кантуровски беше прогласен за најдобар оркестар во светот. Очекувам овој фестивал и понатаму да се развива, бидејќи е единствен фестивал во земјава каде дувачките оркестри од земјава имаат можност да покажат што знаат и умеат, истакна Ристов.

    Вечерва освен дувачки оркестри од Макеоднија и Србија, свој концерт ќе имаат и Наум Петрески и Зуица Лазова.

    Етно-саем

    Инаку, вчера беше отворен и етносаемот „Пехчевски Павловден“, каде на 16 штандови сместени на плоштадот во Пехчево „Св. Петар и Павле“, се промовира традицијата, преку  ракотворби, производи од старите занаети и традиционалната храна од Малешевијата.

    Фетсивалот е во организација на Општина Пехчево со поддршка на Хотел „Гогов“.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...