6.7 C
Pehčevo

    ПОКАНА ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС за вработување на Раководител на Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево

    Датум:

    ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    објавува

    ПОКАНА ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС

    за вработување на Раководител на Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево

    Општина Пехчево  има потреба од ангажирање на едно лице кое ќе биде задолжено за раководење со Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево.

    ЕЦЗП е воспоставен во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, со цел да го поддржи едукативниот процес на сите нивоа од образованието во регионот и пошироко, овозможувајќи им на учениците и студентите на еден креативен начин да се запознаат со природните вредности во Брегалничкиот регион. Едукативниот центар ќе ја збогати содржината на еднодневните едукативни екскурзии на учениците кои се организираат во рамките на образовниот процес, а истовремено ќе придонесе и кон промоција на природното богатство од Регионот и начините на  неговото одржливо управување и користење преку посети организирани за различни целни групи.

    Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

    – завршено Високо образование (VII/1 степен или 240 ЕКТС) од областа на природните науки,

    – солидно познавање на англиски јазик

    – познавање на работа со компјутери,

    – искуство во раководење и имплементација на проекти,

    – способност за тимска работа, комуникациски, презентациски, организациски и координаторски вештини;

    Лицето ќе биде задолжено за планирање и реализација на активностите на Едукативниот центар. Исто така ова лице ќе врши одредени предавања, обуки и семинари, ќе биде водич на едукативните посети и ќе ги врши координациите помеѓу Едукативниот центар, корисниците на услугите на Едукативниот центар и сите останати релевантни фактори.

    Заинтересираните  кандидати треба да достават  мотивациско писмо и CV на e-mail: elica.jovevska@t.mk, најдоцна до 20.07.2017 година.

    Кандидатите со уредна документација и кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју во Општина Пехчево.

    Лице за контакт: Елица Јовевска 075-441-137

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...