Од 26 април па до 10-ти мај земјоделците можат да поднесуваат барање за проценка на штети од доцните пролетни мразови настанати на 21 и 22 овој месец.
Сите земјоделци од Општина Пехчево кои сметаат дека имаат значителни штети на земјоделските посеви на својот имот, барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.
Во прилог на барањето земјоделците треба да достават и фотокопии од лични документи и трансанциска сметка како и фотокопија од документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште, соопштија од МЗШВ.
Инаку, за проценката на штетите формирани се 73 комисии кои ќе ги посетат сите земјоделките стопанства на чии површини има измрзнување на културите.
Согласно одлуката на Владата, од недела комисии за испитување на штетите настанати кај овошните и лозовите насади од ниските температури и мразот се на терен и прават записници за штетите.