9.2 C
Pehčevo

    Дневен ред на 31-та седница на Советот на Општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски донесе решение за свикување на 31 седница на советот.

    31-та седница на Советот на општина Пехчево е закажана за вторник 09.05.2017 година, со почеток во 09 часот.

    Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД

    за 31-та седница на советот на Општина Пехчево

    1. Усвојување на записникот од 30-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работењето на центарот за развој на источен плански регион за 2016 година;
    3. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за спроведување на програмата за развој на источен плански регион 2015-2019 за 2016 година;
    4. Предлог одлука за прифаќање на Договор за спроведување на проекти за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во источно плански регион во рамките на ИПА 2;
    5. Предлог одлука за усвојување на дополнувањето на годишниот план за јавни набавки за 2017 година на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    6. Предлог одлука за усвојување на финансиски извештај на работењето на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2017 до 31.03.2017 година;
    7. Предлог одлука за усвојување на Одлуката за промена на висина на цена за влез на оператор за погребување за користење на инфраструктурата на градските гробишта во Пехчево;
    8. Предлог одлука за усвојување на Одлуката за утврдување на висина на цена за користење на пазаришни тезги и поле за време на пазарен ден, за непазарни денови и цени за месечни резервации на пазаришни тезги и полиња на градскиот пазар во Пехчево;
    9. Предлог одлука за усвојување на дополнувањето на Одлуката за висина на цената на услугата извршена со основно средство Хилта сопственост на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    10. Предлог одлука за усвојување на Одлуката за усогласување на стопанисувањето на претпријатието со градските гробишта;
    11. Информација од ПВЈТ ,,Вечен дом,, – Берово за ценовник за погребални услуги и опрема;
    12. Предлог одлука за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2017 година до 31.03.2017 година;
    13. Предлог одлука за усвојување на измените и дополнувањата на буџетот на општина Пехчево за 2017 година – прв ребаланс;
    14. Предлог одлука за краткорочно задолжување на Општина Пехчево за дореализација на проектот Платформа за меѓуграничен фестивалски туризам на полето на културата и традициите;
    15. Барања од граѓани;
    16. Советнички прашања;
    17. Тековни активности.

    Совет на Општина Пехчево

          Претседател

            Стојче Стефановски с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...