Со голема чест и радост во мое лично име и од името на вработените во општина Пехчево, на сите православни верници, Ви го честитам големиот Христијански празник – Велигден и Ви пожелувам благословени и среќни празнични денови.
Овој ден е темелот на нашата вера, нашето постоење и нашата иднина. Денес го празнуваме чинот кога нашиот Бог ни даде можност на нас луѓето да сведочиме за неговите чуда, да учиме од неговата благост и да го следиме по неговиот пат. Велигден е празник и на семејството, на човечноста и на солидарноста, празник кој зближува и носи порака на заедништво, мир и разбирање. Ваквите вредности се темелот на развојот во било кое поле и во секоја област. Меѓусебното разбирање и почитта е енергијата која отвора можности и дава шанса за напредок.
Велигденското празнување нека ни донесе божји благослов кој ќе допре до сите нас и кој ќе ги осветли душите на сите православни верници. Нека милоста божја биде почуствувана од сите добронамерници, нека значи среќа, мир и долговечност за сите верници и за целата наша држава Република Македонија.
Нека Бог не чува и нека ни помогне во сите наши искушенија. Нека го зацврсти единството и нашата верба, нека ја умножи љубовта и радоста помеѓу луѓето, нека дари рожби и повеќе деца во нашите семејства, нека ни даде мудрост и сила да ги зацврстиме и унапредиме заедничките вредности на кои се развива македонското општество.
Нека е за многу години големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден!