0.5 C
Pehčevo

    Дваесет и четврта Седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски донесе решение за свикување на дваесет и четвртата седница на советот.

    24-тата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за четврток 21.04.2016 година, со почеток во 09 часот.

    Седницата ќе се одржи во салата за состаноци на општина Пехчево, со предлог на следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД
    за 24-та седница на советот на Општина Пехчево

    1. Предлог Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на буџетот на општина Пехчево за 2016 година;
    2. Предлог Одлука за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за квартал 01.01.2016 година до 31.03.2016 година;
    3. Предлог Одлука за усвојување на Годишната програма за финансирање на проекти од областа на културата и НВО секторот од интерес на општина Пехчево за 2016 година;
    4. Предлог Одлука за поддршка и кофинасирање на проектот: “Изградба на тротоари на ул.Истра” со потпорен зид во Пехчево, општина Пехчево” во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), Компонента В: Грантови за успешност;
    5. Предлог Одлука за усвојување на Годишниот план за вработување во општина Пехчево за 2016 година;
    6. Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Источно плански регион 2015-2019 за 2015 година;
    7. Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Источно плански регион за 2015 година;
    8. Работењето на ЈКП ,,Комуналец” – Пехчево;
    9. Барања од граѓани;
    10. Советнички прашања;
    11. Тековни активности.

    Совет на Општина Пехчево

          Претседател

            Стојче Стефановски с.р

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...