-1.9 C
Pehčevo

    Наградени најдобрите фотографии, цртежи и литературни творби на конкурсот распишан во рамките на проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“

    Датум:

    Денеска во просториите на ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево беа доделени награди на најдобрите фотографии, цртежи и литературни творби изработени од учениците од прво до деветто одделение.

    Денеска во просториите на ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево беа доделени награди на најдобрите фотографии, цртежи и литературни творби изработени од учениците од прво до деветто одделение. Творбите се дел од конкурсот кој што беше распишан во рамките на проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“, проект имплементиран од Милиеуконтакт Македонија , а е дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија.
    Конкурсот беше распишан во три категории и тоа:

    – Ликовен конкурс на тема: „Како јас ја зачувувам природата“ – конкурсот беше наменет за учениците од прво до деветто одделение и беа наградени 5 ученици (3-то место – Марко Пандов – 8 одд. и Димитар Андоновски – 2 одд; 2-ро место – Моника Јовевска – 8 одд. и Викторија Костовска – 2 одд. 1-во место Кристина Карафатска – 9 одд);

    – Литературен конкурс на тема:„ Природата дарува и одзема“ – конкурсот беше наменет за учениците од шесто до деветто одделение и беа наградени 5 ученици (3-то место – Маринела Секуловска – 9 одд. и Ангела Пандурска – 9 одд.; 2-ро место – Симона Ризовска – 8 одд; и Стефанија Колева – 8 одд.; 1-во место – Евгенија Пандова – 8 одд.)

    – Конкурс за најдобра фотографија на тема: „Ме има во Drosera rotundifolija“, „ Јас на Големото оро“ и „Мојот поглед на Вртена скала“. Конкурсот беше наменет за учениците од осмо и деветто одделение и беа наградени 3 ученици (3-то место – Марија Чипевска – 9 одд; 2-ро место – Маја Пандова – 9 одд.; 1-во место – Павле Михаиловски – 9 одд.)

    Денеска во просториите на ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево беа доделени награди на најдобрите фотографии, цртежи и литературни творби изработени од учениците од прво до деветто одделение.
    Наградите беа доделени од страна на Ирена Кракутовска, координатор на проектот и претставник на Милиеуконтакт Македонија.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...