Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“
Денеска ОВР Берово во соработка со Општина Пехчево и ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево организираа едукативна презентација на тема „Правила за малите пешаци“ за учениците од прво, второ и трето одделение. Целта на едукатината презентација беше да научат најмалите учесници во сообраќајот како да се однесуваат на улица, за делови на улицата, за тоа што е крстосница, за семафор, за правилата кои ги имаат како пешаци и правилата на однесување во близина на коловозот, сообраќајните знаци, како и за спецјалните возила и нивната улога во сообраќајот. Оваа презентација беше од голема важност за развивање на свеста кај најмладите за безбедноста на патиштата, помагајќи им да разберат како да се заштитат себе си и другите во секојдневното движење.