Во рамки на проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во општина Пехчево“, кој е финансиран од Програмата за зачувување на природатаво Македонија, Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија објавува:
ПОВИК ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ЛОКАЛНИ ВОДИЧИ ВО ПРИРОДА
Целта на овој повик е пријавување на сите заинтересирани кандидати кои во рамките на проектот ќе бидат обучени за локални водичи во природа, преку одржување на обуки на теми:
* Биодиверзитет и одржлив менаџмент на ресурси;
* Природа, планирање и велосипедизам;
* Култура и традиција на општина Пехчево;
* Работа со групи.
Обуките ќе бидат одржани од страна на обучувачи со долгогодишно искуство на овие теми, во периодот февруари-април 2015 година. По завршување на обуките, локалните водичи во природа ќе бидат под надлежност на општина Пехчево.
Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е десет дена од денот на објавување на повикот, кај лицето Ирена Кракутовска (локален координатор на проектот), на телефон 071-373-542 или на маил irena_krakutovska@yahoo.com, и истите треба да достават писмо на интерес и биографија (CV).
Со пријавените кандидати ќе биде спроведено интервју од страна на проектниот тим, по што ќе бидат изберени минимум 5 кандидати.
Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект координиран од Helvetas Swiss Intercooperation од Швајцарија и Фармахем – Скопје, а е финасиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) во Македонија.