-1 C
Pehčevo

    Изградена нова пешачка патека до улицата Мирче Ацев

    Датум:

    Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локалната патна инфраструктура, општина Пехчево започна да ја подобрува состојбата на патиштата во општината.

    Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локалната патна инфраструктура, општина Пехчево започна да ја подобрува состојбата на патиштата во општината.

    Со таа цел заврши уредувањето на пешачката патека која води до улицата ,, Мирче Ацев ’’, во должина од 60 метри, а ширина 6 метри, додека сретствата се издвоени од Буџетот на Општината.

    Со изградбата на оваа улица значително се олеснува сообраќајната комуникација, особено во зимските и врнежливите периоди од годината.

    Станува збор за досега неуредена јавна површина која стоеше запуштена, а е од големо значење за жителите од овој дел на градот и за таа цел решивме оваа пешачка патека целосно да ја уредиме. Проектите за проширување, реконструкција и изградба на улици е од исклучително значење за развој на нашата општина, истакна градоначалникот Игор Поповски и нагласи дека, градежните проекти ќе продолжат и во наредниот период со исто темпо.

    По изградбата на овие приоритетни улици, ќе продолжи изградбата на други улици од Програмата на градоначалникот за идниот период.

    Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локалната патна инфраструктура, општина Пехчево започна да ја подобрува состојбата на патиштата во општината.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...

    Обврски за зимскиот период

    Соопштение до јавноста Обврски за зимскиот период         Почитувани...