Женската играорна група и народниот оркестар при Домот на културата ,, Јане Сандански “ – Пехчево во силна конкуренција и со орото,, Водарки “ го освоија првото место на Меѓународниот фестивал на ора и танци ,, Еделвајсите на Бугарија “ што се одржа во градот Банско, Република Бугарија.
Стандардите на овој фестивал беа многу високо поставени и се бараше максимумот од учесниците. Тие со своите смели и инспиративни кореографски решенија и изведби ги освоија симпатиите на публиката, но и на жирито кое беше едногласно околу доделувањето на првата награда.
Инаку играорното друштво при ДК. ,, Јане Сандански “, беше номинирано во две натпреварувачки категории. Успех на фестивалот остварија и Маринела Секуловска и Маја Пандова кои настапија во категорија народно пеење во дует, и со песната ,, Шеќерна “ го освоија високото второ место.
Раководството кое е предводено од директорот на ДК. ,, Јане Сандански “ Страшо Андоновски, музичкиот педагог Александар Парасков и кореографот Ивана Вучкова се горди на своите постигнувања, а градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски им го честита високиот успех и освоеното прво и второ место и им посакува уште многу вакви успеси на кои ќе бидат горди сите граѓани на општината.