11.9 C
Pehčevo

    Водата за пиење во Пехчево е исправна

    Датум:

    filter stanica1

    Анализите направени од страна на ЈЗУ – Кочани на примероци земени од водата од градскиот водовод покажаа дека водата што се дистрибуира од градскиот водовод е исправна за пиење.

    Анализите потврдија дека водата е биолошки и хемиски исправна, а причината за заматувањето на водата биле преобилните дождови кои ги преполниле резерварите за вода во филтер – станицата и дошло до заматаување на водата.

    Градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, истакна дека набавката на нов таложник ќе го реши проблемот на жителите на општината со вода за пиење. Функционалноста на овој таложник кој ќе биде набавен во скоро време од страна на Општина Пехчево ќе го реши проблемот во иднина и ќе ги задоволува сите стандарди на здрава и чиста вода за пиење, рече градоначалникот Поповски.

    Инаку, водата во селата Панчарево и Црник и понатаму не се препорачува за пиење.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода 2026

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната...

    Дневен ред за 7-ма – вонредна седница

    Врз основа на член 40 и член 48 точка...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...