ЗА ПОДДРШКА НА ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА НАМЕНЕТА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ ШТО ГИ ЗАФАТИЈА СРБИЈА И БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Општина Пехчево се приклучува на националната хуманитарна акција за помош на настраданите од поплавите што ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина и во таа насока ги информираме граѓаните на општина Пехчево дека:
1. На 19 мај 2014 година со почеток од 09:00 – 16:00 часот во содејство со ОО на Црвен Крст, општина Пехчево ќе организира штанд на плоштадот во Пехчево на кој граѓаните на општина Пехчево ќе можат да ја покажат својата хуманост донирајќи вода, конзервирана храна, хигиенски препарати, бебешка храна и сл.
2. Отворени се телефонските линии за донација на Црвениот крст на трите мобилни оператори 075/070/077 143 400
3. За помош на настраданите објавена е и можност за финансиска донација, односно:
Сметката за донации:
Фонд на солидарност 300 000 001 327 966
Даночен Број 4030984271620
Комерцијална банка.
4. Дополнителни информации за текот на акцијата за поддршка на настраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина од страна на Локалната самоуправа , можете да се обратите во просториите на општина Пехчево
Контакт: Eлица Јовевска тел. 075/441-137
За понатамошните активности јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.
Општина Пехчево