-1.9 C
Pehčevo

    Данок на промет на недвижности

    Датум:

    ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ

    1.ДАНОЧНА ПРИЈАВА

    -ЗА ПРЕНОСОТ НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ СЕ ПОДНЕСУВА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА СКЛУЧЕНИОТ ДОГОВОР

    -ОБРАЗЕЦ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА СЕ ПОПОЛНУВА И ПОДНЕСУВА  НА ПРИЕМЕН ШАЛТЕР СО УПЛАТЕНИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ  ВО ИЗНОС ОД 300 ДЕНАРИ ОД ПОДНОСИТЕЛОТ НА ПРИЈАВАТА  НА  СМЕТКА:840-154-03182 и приходна шифра 722-315

    КОН ДАНОЧНАТА ПРИЈАВА ЗА ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТ ЗА КУПОПРОДАЖБИ СЕ ПРИЛОЖУВААТ СЛЕДНИТЕ СПИСИ:

    -НАЈМАЛКУ 6-8 ДОГОВОРИ ОД КОИ ДВА ПОТПИШАНИ ОД СТРАНКИТЕ ВО ДОГОВОРОТ

    -КОПИИ ОД ЛИЧНА КАРТА ЗА ФИЗИЧКОТО ЛИЦЕ И ТЕКОВНА СОСТОЈБА ЗА ПРАВНИОТ СУБЈЕКТ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РМ

    -ИМОТЕН ЛИСТ  ЗА  НЕДВИЖНИОТ  ИМОТ

    -ПОЛНОМОШНО ОД ОВЛАСТЕНИОТ ЗАСТАПНИК

    2.ДАНОЧНА ОСНОВА

    – ПРЕТСТАВУВА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖНИОТ ИМОТ УТВРДЕНА ОД ОВЛАСТЕН ПРОЦЕНИТЕЛ СПОРЕД МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОЦЕНА НА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ („Сл.весник на РМ “бр.54/2012…142/14)

    3.ДАНОЧНИ СТАПКИ

    -СТАПКАТА НА ДАНОКОТ НА ПРОМЕТ ИЗНЕСУВА 3 %

    4.ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ

    -РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ПРОМЕТ СЕ ДОНЕСУВА ВО РОК НЕ ПОДОЛГ ОД 10 ДЕНА

    5.РОК НА ПЛАЌАЊЕ

    -УТВРДЕНИОТ ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТ СЕ ПЛАЌА ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ПРИЕМОТ НА РЕШЕНИЕТО, А ЗА СЕКОЈ ДЕН ЗАДОЦНУВАЊЕ СЕ ПЛАЌА ДНЕВНА КАМАТА ОД 0,05%

    6.ТУЖБА

    -ПРОТИВ ДОНЕСЕНИТЕ  РЕШЕНИЈА  –СО ДАТА НА ДОНЕСУВАЊЕ ДО 04.09.2015 г.МОЖЕ ДА СЕ ИЗЈАВИ ЖАЛБА, ДО ОПШТИНА ПЕХЧЕВО, ВО РОК ОД 15 ДЕНА СО  УПЛАТЕНИ  250 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ НА  СМЕТКА:840-154-03182 и приходна шифра 722-315, ПОДНЕСЕНАТА ЖАЛБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ

    7. РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА

    – РОКОТ ЗА РЕШАВАЊЕ ПО ЖАЛБА ИЗНЕСУВА 15 ДЕНА ДОКОЛКУ СЕ ПОСТАПУВА ВО ПРВ СТЕПЕН, ВО СПРОТИВНО ЖАЛБАТА ВО РОК ОД 5 ДЕНА СО СИТЕ СПИСИ НА ПРЕДМЕТОТ СЕ ПРЕПРАЌА ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ.

    8.ТУЖБА

    -Со измените и дополнување на Законот за Даноците на имот („Сл.весник на РМ “бр.154/2015) кои стапија на сила на ден 04.09.2015 година, направени се измени во Член 52 во наведениот закон и нема повеќе правен лек жалба и истиот се заменува со ТУЖБА .

    ПРАВНА ПОУКА:Против решението на градоначалникот на општината, може да се поведе управен спор со тужба пред надлежниот Управен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

    ПОДНЕСЕНАТА ТУЖБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...