11.5 C
Pehčevo

    Данок н наследство и подарок

    Датум:

    ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

    1.ДАНОЧНА ПРИЈАВА

    -ЗА НАСЛЕДЕНИОТ ИЛИ ПОДАРЕНИОТ ИМОТ СЕ ПОДНЕСУВА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА НАСЛЕДЕНИОТ ИЛИ ПОДАРЕНИОТ ИМОТ

    -ОБРАЗЕЦ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА СЕ ПОПОЛНУВА И ПОДНЕСУВА  НА ПРИЕМЕН ШАЛТЕР СО УПЛАТЕНИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ  ВО ИЗНОС ОД 300 ДЕНАРИ ЗА ЕДЕН НАСЛЕДНИК/ПРИМАТЕЛ НА ПОДАРОКОТ, А ДОКОЛКУ СЕ ПОВЕЌЕ НАСЛЕДНИЦИ/ПРИМАТЕЛИ НА ИМОТОТ , СЕ УПЛАЌА ПО 250 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ ЗА СЕКОЈ НАРЕДЕН НАСЛЕДНИК /ПРИМАТЕЛ НА ПОДАРОКОТ И ТОА НА  СМЕТКА:840-154-03182 и приходна шифра 722-315

    2.ДАНОЧНА ОСНОВА

    – ПРЕТСТАВУВА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖНИОТ ИМОТ УТВРДЕНА ОД ОВЛАСТЕН ПРОЦЕНИТЕЛ СПОРЕД МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОЦЕНА НА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ („Сл.весник на РМ “бр.54/2012…142/14)

    3.ДАНОЧНИ СТАПКИ

    СТАПКИТЕ НА ДАНОКОТ НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК СЕ РАЗЛИЧНИ ВО ЗАВИСНОСТ ОД НАСЛЕДНИОТ РЕД

    -ПРВ НАСЛЕДЕН РЕД –ОСЛОБОДЕН

    -ВТОР НАСЛЕДЕН РЕД – ИЗНЕСУВА 2%

    -ТРЕТ НАСЛЕДЕН РЕД И ОСТАНАТИ –ИЗНЕСУВА 4%

    4. ДАНОЧНИ ОСЛОБОДУВАЊА

    -НЕ ПЛАЌА ДАНОК НАСЛЕДНИКОТ, ОДНОСНО ПРИМАТЕЛОТ НА ПОДАРОКОТ ОД ПРВ НАСЛЕДЕН РЕД

    -МОЖЕ ДА НЕ ПЛАЌА И НАСЛЕДНИКОТ ОД ВТОР НАСЛЕДЕН РЕД ВО УСЛОВИ ПРОПИШАНИ СО ЗАКОН

    КОН ДАНОЧНАТА ПРИЈАВА ЗА НАСЛЕДСТВО СЕ ПРИЛОЖУВААТ СЛЕДНИТЕ СПИСИ:

    -НАСЛЕДНОТО, ОДНОСНО НАСЛЕДНИТЕ  РЕШЕНИЈА ВО ЗАВИСНОСТ ОД БРОЈОТ ВО ОРИГИНАЛ И ТРИ КОПИИ,ИМОТЕН ЛИСТ НА НАСЛЕДЕНИОТ ИМОТ

    -ПОЛНОМОШНО ОД ОВЛАСТЕНИОТ ЗАСТАПНИК

    КОН ДАНОЧНАТА ПРИЈАВА ЗА ПОДАРОК И РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ИМОТ ЗА ВРЕМЕ НА ЖИВОТ СЕ ПРИЛОЖУВААТ СЛЕДНИТЕ СПИСИ:

    -НАЈМАЛКУ 6-8 ДОГОВОРИ ОД КОИ ДВА ПОТПИШАНИ ОД СТРАНКИТЕ ВО ДОГОВОРОТ

    -ИЗВОД ОД РОДЕНИ ВО ОРИГИНАЛ НА ДАВАТЕЛОТ И ПРИМАТЕЛОТ НА ПОДАРОКОТ

    -АКО ПРИМАТЕЛОТ НА ПОДАРОКОТ Е ОД ВТОР НАСЛЕДЕН РЕД А Е ПО ПРАВО НА ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА НАСЛЕДНИКОТ ОД ПРВ НАСЛЕДЕН РЕД КОЈ Е ПОКОЕН СЕ ДОСТАВУВА И ИЗВОД НА УМРЕНИТЕ ВО ОРИГИНАЛ.

    -ИМОТЕН ЛИСТ ЗА НЕДВИЖНИОТ ИМОТ ВО ОРИГИНАЛ И КОПИЈА

    -ПОЛНОМОШНО ОД ОВЛАСТЕНИОТ ЗАСТАПНИК

    5. РОКОТ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

    РЕШЕНИЕ ЗА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК СЕ ДОНЕСУВА ВО РОК ОД 30 ДЕНА

    6. РОК НА ПЛАЌАЊЕ

    -ДАНОКОТ НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК СЕ ПЛАЌА ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ПРИЕМОТ НА РЕШЕНИЕТО, А ЗА СЕКОЈ ДЕН ЗАДОЦНУВАЊЕ СЕ ПЛАЌА ДНЕВНА КАМАТА ОД 0,05%

    7.ТУЖБА

    -ПРОТИВ ДОНЕСЕНИТЕ  РЕШЕНИЈА  –СО ДАТА НА ДОНЕСУВАЊЕ ДО 04.09.2015 г.МОЖЕ ДА СЕ ИЗЈАВИ ЖАЛБА, ДО ОПШТИНА ПЕХЧЕВО, ВО РОК ОД 15 ДЕНА СО  УПЛАТЕНИ  250 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ НА  СМЕТКА:840-154-03182 и приходна шифра 722-315, ПОДНЕСЕНАТА ЖАЛБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ

    8. РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА

    – РОКОТ ЗА РЕШАВАЊЕ ПО ЖАЛБА ИЗНЕСУВА 15 ДЕНА ДОКОЛКУ СЕ ПОСТАПУВА ВО ПРВ СТЕПЕН, ВО СПРОТИВНО ЖАЛБАТА ВО РОК ОД 5 ДЕНА СО СИТЕ СПИСИ НА ПРЕДМЕТОТ СЕ ПРЕПРАЌА ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ.

    9.ТУЖБА

    -Со измените и дополнување на Законот за Даноците на имот („Сл.весник на РМ “бр.154/2015) кои стапија на сила на ден 04.09.2015 година, направени се измени во Член 52 во наведениот закон и нема повеќе правен лек жалба и истиот се заменува со ТУЖБА .

    ПРАВНА ПОУКА:Против решението на градоначалникот на општината, може да се поведе управен спор со тужба пред надлежниот Управен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

    ПОДНЕСЕНАТА ТУЖБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...