Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите Нации и општина Пехчево, оперативниот план за активните мерки на пазарот на труд за 2013 година на Владата на Р.Македонија, односно во рамки на проектот Програма за развој на Обединетите Нации (УНДП) – Промовирање на одржливи вработувања 2 и програмата и Програмата за општинско-корисна работа, општина Пехчево на ден 22.10.2013 година објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за
евидентирани невработени лица за вклучување на
Програмата општинско-корисна работа
Се повикуваат сите:
1.1 Евидентирани невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот и
1.2 Сите евидентирани невработени лица кои активно бараат работа
кои своето вработување сакаат да го решат преку Програмата општинско-корисна работа проект ,, Детски јасли – нови социјални услуги во општина Пехчево ’’, да се пријават во Подрачната канцеларија во Центарот за вработување во Пехчево каде редовно се евидентираат како невработени лица, за работно ангажирање со скратено работно време за згрижување на деца од предшколска возраст до 2 години заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот.
Избраните лица ќе бидат ангажирани од страна на општина Пехчево за извршување на општинско-корисна работа во ОЈУДГ ,, 7 Септември ’’ – Пехчево за период од 01.11.2013 година до 20.04.2014 година.
Лицата кои ќе бидат вклучени во Програмата за општинско-корисна работа од точка 1.1 и 1.2 ќе бидат ангажирани со 20 работни часа неделно со паричен надоместок со износ од 6.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработени лица останува непроменет и на невработените лица корисници на социјална помош ќе им мирува остварувањето на ова право до истекот на работниот ангажман.
Сите заинтересирани лица Пријави по јавниот оглас може да подигнат и поднесат во Подрачната канцеларија на Центарот за вработување во Пехчево во периодот од 22.10.2013 година до 29.10.2013 година од 08 до 16 часот.
Договорите со избраните лица ќе бидат потпишани на 31.10.2013 година.
Поконкретни услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу оштина Пехчево и кандидатите.
Детални информации за Јавниот оглас може да се добијат во работниот клуб во АВРМ во Берово и Подрачна канцеларија на Центарот за вработување – Пехчево и во општина Пехчево на тел. 033/441-321 и на следната интернет адреса: www.pehcevo.gov.mk