24.8 C
Pehčevo

    Европска недела на спортот

    Датум:

    Општина Пехчево заедно со ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево е дел од проектот Европска недела на спортот, спроведен од страна на Агенцијата за млади и спорт, финансиран од страна на Европската Унија. Главната цел на проектот е креирање можности и погодна средина, која овозможува сите да бидат активни преку спортско рекреативни активности, особено на локално ниво. Преку проектот не само што се активираат младите физички, туку се унапредува и нивното физичко здравје и благосостојба.
    Денес во Спортската сала „Јане Сандански“ – Пехчево, децата од петто одделение од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево со наставничките по физичко образование Афродита Денковска и Ани Биковска, имаа спортски и физички активности преку кои се подобрува физичкото здравје на децата, се негуваат врските помеѓу различните заедници, се рушат бариерите како што се културните, половите и националните, а децата ја зајакнуваат љубовта кон спортот и спортските активности. На настанот присуствиваа и претставници од општинската администрација.
    Преку овој проект, ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево од Агенцијата за млади и спорт доби ластици за одвивање на спортски активности за обликување на телото.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на детските лулашки на плоштадот „Св. Петар и Павле“ во Пехчево

    Реконструкција на детските лулашки на плоштадот „Св. Петар и...

    Фестивал на дувачки оркестри – Пехчево 2024

    Фестивал на дувачки оркестри – Пехчево 2024   ...

    Реконструкција и рехабилитација на локален пат од спојот со регионалниот пат до мостот пред село Панчарево

    Реконструкција и рехабилитација на локален пат од спојот со...

    Реконструкција улицата „ИНДУСТРИСКА“ во Пехчево

    Реконструкција улицата „ИНДУСТРИСКА“ во Пехчево