15.4 C
Pehčevo

    СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА РУРАЛНИОТ ТУРИЗАМ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО ЗА ПЕРИОДОТ 2018 – 2023

    Датум:

    СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА РУРАЛНИОТ ТУРИЗАМ НА ОПШТИНА

    ПЕХЧЕВО

    ЗА ПЕРИОДОТ 2018 – 2023

     

    Општина Пехчево е погранична општина со 5517 жители, која од исток граничи со Општина Сандански( Република Бугарија ), од север со Општина Делчево и од југ и запад со Општина Берово.

    Регионот на Малеш и Општина Пехчево надалеку се познати по недопрените природни убавини, чистиот воздух, производството на органска храна, археолошките локалитети, културата и традиционалните занаети и заедно со традиционалното гостопримство и љубезност, претпоставуваат идеални можности за развој на Руралниот Туризам.

    Распослано на двата брега на Пехчевска Река, под падините на планината Влаина на надморска височина од 1.000 метри, се наоѓа Пехчево, живописно место  опколено со големи и длабоки борови шуми, ладни потоци. Место каде се дише чист планински воздух.

    Иако мало, ова гратче има долга историја. Постанокот на Пехчево според народните преданија и расположливите пишувани документи е поврзан со доаѓањето на Турците на Балканскиот полуостров. За постоењето на оваа старата населба зборуваат и многуте имиња и темелите на старата римска населба во која се топела рудата од околните рудници. Според жителите на Пехчево токму по тие печки населбата го добила името. Густите шуми испреплетени со патеки ќе ве однесат до Раковец, каде што се наоѓала старата римска рударска населба. Во средновековието населбата била важен стопански и административен центар. Се верува дека во близина на Пехчево се наоѓаат темелите на средновековниот книжевен центар Равен, каде што браќата Кирил и Методија ја создале глаголицата, најстарото писмо на Словените.

    Податоците за овој крај велат дека градот според занимањата на жителите бил поделен на три маала. Во маалото Катеринци, најгоре во близина на пасиштата, живееле сточари. За да се дојдело до тоа маало, луѓето морале да се “катарат” или искачат. Во Горно маало живееле трговците и занаетчиите, а долномаалци биле земјоделци и градинари.

    Цлосната верзија на стратегијата ја имате на следниов линк:

    Download (DOCX, 246KB)

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...