Во дворот на Детската градинка „7 Септември“ денеска се одржа забава наменета за мини матурантите кои од септември ќе заминат на училиште. По тој повод со пригодна културно уметничка програма, децата се простија од градинката. На прославата присуствуваа и нивните родители, а воспитувачките им доделија дипломи. Дечињата со одличен музичко поетски и говорен перформанс пред своите родители на забавен начин се збогуваа од градинката.
Првиот човек на општината Драган Тренчовски присуствуваше на настанот посакувајќи им успех во школувањето на идните првачиња.
-Денеска сме тука во градинката каде на еден весел, убав, разигран начин го одбележуваме испраќањето на првачињата кои од септември ќе заминат во општинското основно училиште Ванчо Китанов. Им посакувам успех понатаму во школувањето.
Тој ги поздрави и воспитувачките истакнувајќи дека ја имаат најблагородната задача односно најблагородното работно место.
-Воспитувач е една благородна професија која по завршување на работното време не можеш да ја оставиш и да си заминеш дома, таа е професија која те исполнува со многу емоции, понекогаш позитивни, понекогаш негативни, но тоа брзо и лесно се заборава, ги поздравувам сите негователи и воспитувачи што работат во установата 7 Септември со една порака дека треба да се среќни и благодарни дека ја извршувате најблагородната задача односно го имате најблагородоното работно место, а на директорката и посакувам успешна работа и многу успешно завршени проекти – додаде градоначалникот Тренчовски.
Инаку манифестацијата насловена „Мини забава за миниматуранти“ се одржува традиционално години наназад.