11.5 C
Pehčevo

    Доделени сертификати за успешно завршени работни активности во рамки на проектот „Нови социјални услуги во општина Пехчево2“

    Датум:

    Поселе осум месеци работен ангажман, на 11.06.2018г. во кабинетот на градоначалникот на општина Пехчево свечено беа доделени сертификати за успешно завршени работни активности во рамки на проектот „Нови социјални услуги во општина Пехчево 2“.

    Сертификати

    Целта на проектот беше подобрување на квалитетот и квантитетот на мерките на социјална заштита во општина Пехчево, односно менторирање на деца со проблеми во следењето и совладувањето на наставата во основното образование и подршка на работата на ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево и помош и нега на стари лица во домашни услови.

    Сертификати1

    Градоначалникот Тренчовски на вкупно 19 лица свечено им додели сертификати за успешно завршени работни активности во рамки на проектот „Нови социјални услуги во општина Пехчево2“ од програмата општинско корисна работа 2017/2018 година, финансиран од УНДП и МТСП, а кофинансиран од општина Пехчево.

    Општина Пехчево продолжува да работи на унапредување на постојните програми на социјална заштита на граѓани во соработка со локалните институции.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...