8.7 C
Pehčevo

    Заврши јубилејното петто издание на Фестивалот на дувачки оркестри

    Датум:

    DSC_0299

    Синоќа на преубавата бина на градскиот плоштад во Пехчево, заврши јубилејното петто издание на Феститавлот на дувачки орекстри Пехчево 2015. Во присуство на илјадници гости и љубители на Малешевијата, традицијата и музиката од дувачките орекстри, заврши фестивалската вечер.
    Дувачкиот оркестар Ќоровци од с.Црник – Пехчево, е победникот на овогодинешното 5-то издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2015. Со мајсторска изведба на песни владееја со трубачките вештини и супериорно се наметнуваа како перфектно зрели музичар претставувајки лик со сите свои квалитативни одлики.

    DSC_0297
    Жири комисијата составена од врни експерти од оваа област, Живон Глишиќ, Васил Ристов и Илчо Јованов, првата награда златна труба Јамаха и директно учество на фестивалот во Гуча ја доделија на Ќоровци од с.Црник, втората награда мини труба ја доби дувачкиот оркестар Млади таленти од Штип, додека третата награда тапан отиде во рацете на дувачкиот оркестар Берхран од Штип.
    -Годинава имаше многу гости и се покажа голема заинтересираност за фестивалот, па се надеваме дека догодина Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево ќе прерасне и во меѓународен фестивал, кој ќе понуди нови содржини и нов квалитет, тоа го заслужуваат и учесниците и фестивалот и почитувачите на оваа уметност ‘‘, рече градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.
    Инаку, по повод празникот Павловден, заштитник на градот, вчера во Пехчево беше одржан и саемот на традицијата. На 15-тина штандови на градскиот плоштад беа изложени домашни ракотворби, резби ,еко храна од шумски плодови изработени од занаетчии од Пехчево, Берово и од другите градови од Македонија кои нудејќи ја традицијата по 7-ми пат го збогатија пехчевскиот Павловден.
    -Денешниот свет православен празник, Павловден, нашиот заштитник е повод и оваа година по 7-ми пат да го организираме Етно-саемот во кој ќе ја понудиме нашата традиција, традиционалната храна, домашните ракотворби, старите занаети, сето ова спакувано како добра туристичка промоција од Малешевијата и Пехчево. Штандовите на етно-саемот ги даваат боите на Малешевијата и на Македонија, тоа е душата на нашиот народ кој опстојувал со векови и сето тоа заслужува да се промовира и понуди како бренд од овој крај-рече Поповски.
    Фестивалот во Пехчево е единствен фестивал од ваков вид во земјава, кој иако ја пишува петтата година од постоењето, со квалитетот на инструменталистите се наметнува како сериозна конкуренција на дувачките оркестри кои настапуваат на интерационалниот фестивал на трубите во Гуча, соседна Србија.
    Во четирите фестивалски денови, Пехчево го посетија над 40 илјади гости.

    Фестивал

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...