9.7 C
Pehčevo

    Започнаа градежните работи околу проширувањето на градскиот паркинг во Пехчево

    Датум:

    Паркинг

    Фирмата Квалитет Бетонида ДООЕЛ – Тетово од денес започна со градежен зафат за проширување и уредување на паркинг просторот со бехатон плочки во центарот на Пехчево. На постоечкиот паркинг простор нема доволно места за паркирање, заради што локалната самоуправа превзеде активности за решавање на проблемот.

    Паркинг1 Паркинг3
    -Со зафатот ќе се прошири паркинг просторот, ќе има место за повеќе возила, а од друга страна ќе се намали и паркирањето по улиците во централното градско подрачје-истакна градоначалникот Поповски.
    Просторот наменет за паркирање ќе биде со капацитет за околу 70-тина возила. Паркингот е со површина од околу 500 квадратни метри, а за реализација на овој проект од Буџетот на Општина Пехчево се издвоени 600 000 денари.
    Со доизградбата на овој паркинг простор се очекува возачите да не паркираат на места каде што не е дозволено во централното градско подрачје.
    По изградбата на паркингот ќе следува реализацијата на останатите приоритетни проекти од предложената приоритетна листа од жителите на Пехчево.

     

     

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    ЈАВЕН ПОВИК за членови на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    Во согласност со одлуката на Владата за што поголема...

    Дневен ред за 5-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Повик за поднесување на понуди за Експерт/ Консултант во проект

    ОГЛАС / ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДИ (Услуги – експерт/консултант) Референца: ADRISKY/TAP-LP/2025/01 Општина...