15.9 C
Pehčevo

    Започна Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013

    Датум:

    Вчера вечер на градскиот плоштад во Пехчево, свечено беше отворено 3-тотo издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013.

    Вчера вечер на градскиот плоштад во Пехчево, свечено беше отворено 3-тотo издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013.

    Пет часа вредни за паметење за оние кои беа сведоци на она што се случуваше во центарот на Пехчево, под звездите, ноќ вредна за паметење започна Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013.

     

    Најнапред со дефиле на учесниците предводени од дувачкиот оркестар и мажоретен состав од град Симитли Р.Бугарија, дувачкиот оркестар од Сандански Р.Бугарија, Куд ,, Јане Сандански ’’, Куд ,, Гоце Делчев ’’ од Делчево и блех оркестарот Ќоровци с.Црник – Пехчево, фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.

    На најголемиот музички настан во Пехчево и Малешевијата, атмосферата ја загреа единствената и атрактивната водителка на овогодинешниот фестивал, Ирена Спировска, која во последните неколку години е меѓу најбараните и најангажираните женски водители.

    На почетокот беше прочитана прекрасна поезија за Пехчево од страна на Габриела Костадинова, а за подгревање на атмосферата, музичкиот и сценски настан на преубавата сцена ова издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013 го отвори дувачкиот оркестар и мажоретен состав од Симитли – Р.Бугарија, а дувачките оркестри од Сандански – Р.Бугарија, блех оркестарот Ќоровци од Пехчево и културно уметничките друштва од Пехчево, Делчево и Берово ја воодушевија публиката присутна на отварањето на фестивалот, а со Етно оркестарот од Берово заврши првата фестивалска вечер.

    Преку внимателно избраната програма на првата вечер, настапија огромен број на изведувачи и ансамбли, понудувајќи ја на љубителите на музиката својата изведбена виртуозност и творечка енергија во различни жанрови и уметнички правци во областа на музиката, литературата, како и мултимедијалните перформанси и спектакли што им додаваат духовна содржина на отворените градски простори кои вообичаено се користат за секојдневните потреби на граѓаните, како и простори наменети за настани од областа на културата.

    Фестивалот има своја тежина и значење бидејќи во текот на 4 дена, успева да го привлече вниманието на публиката, како и да го привлече вниманието на странските посетители.

    Втората фестивалска вечер на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013 започна со програмски дел за деца и младинци.

    Во рамки на оваа втора фестивалска вечер настапија децата од детската градинка ,, 7 Септември ’’ и учениците од ООУ ,, Ванчо Китанов ’’ – Пехчево.

    Во младинскиот дел од програмата со музички изведби се претставија Драган Колевски, Борче Павлевски, Андреј Миске, Кире Пандов, Миле Шоповски и Драган Колевски.

    Во завршниот дел од втората фестивалска вечер настапија повеќе естрадни уметници и дувачки оркестри, Жаклина Коловска, Нино Величковски, дувачките оркестри Млади Таленти од Штип и Ќоровци од с.Црник – Пехчево.

    Стручното жири одлучија дека и двата дувачки оркестри одат во финале.

    Вчера вечер на градскиот плоштад во Пехчево, свечено беше отворено 3-тотo издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013.

    Вчера вечер на градскиот плоштад во Пехчево, свечено беше отворено 3-тотo издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013.

    Вчера вечер на градскиот плоштад во Пехчево, свечено беше отворено 3-тотo издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013.

    Вчера вечер на градскиот плоштад во Пехчево, свечено беше отворено 3-тотo издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013.

    Вчера вечер на градскиот плоштад во Пехчево, свечено беше отворено 3-тотo издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013.

    Вчера вечер на градскиот плоштад во Пехчево, свечено беше отворено 3-тотo издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013.

    Вчера вечер на градскиот плоштад во Пехчево, свечено беше отворено 3-тотo издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...

    Прослава за 100 години од постоењето на библиотеката „Кочо Рацин“ – Пехчево

    Општинската јавна установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин” од Пехчево...