11.7 C
Pehčevo

    Заменик Министерот за локална самоуправа во посета на Општина Пехчево

    Датум:

    Објавен првиот повик за проектни предлози на Ипа програмата за прекугранична соработка со Р Бугарија. Пограничните општини ќе имаат на располагање 7, 2 милиони евра:
    „Како земник-министер ценев дека треба да се посетат сите општини од Источна, Североисточна и Југоисточна Македонија, бидејќи претходниот програмски период се покажа како одличен во соработката со РБ, зашто искористивме нешто повеќе од 90% од средствата што ги Дава ЕУ во форма на грантови“изјави Љупчо Пренџов, зам. министер за локална самоуправа.
    Повикот трае до 25 јануари, а општините можат да работат проекти во делот на развој на бизнисот и малите и средни претпријатија, за културното наследство и климатските промени и заштитата на животната средина:
    „Сакам да ја информирам јавноста дека РМ влезе и во транснационалната програма за прекугранична соработка, тука е вклучен и Кипар и очкуваме дополнителни средства, а се очекува и со Србија“, кажа Пренџов.
    Општина Пехчево планира да поднесе 6 проекти. Инаку, за наредниот 7-годишен програмски период, Македонија ќе има на располагање 19, 8 милиони евра. Колку средства ќе бидат искористени зависи од квалитетот на понудените проекти не само од општините туку и на останатите непрофитни органзиации.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    РЕШЕНИЕ за одобрување проектна програма

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица - за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 13-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Jавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040

    Почитувани, Центарот за развој на Источниот плански регион во име на Министерството...