Заменикот министер за локална самоуправа, Љупчо Пренџов и бугарската заменичка министерка за регионален развој и јавни работи, Деница Николова, вчера во Софија, ги врачија договорите на градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски за финансирање на проектот „Платформа за прекуграничен фестивалски туризам на полето на традициите и културата – Фолклор“од првиот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Општина Пехчево доби уште еден проект финансиран од претпристапните фондови на Европската Унија. Проектот е во висина од 460 974 евра, а ќе се реализира од првиот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија. Станува збор за проектот „Платформа за прекуграничен фестивалски туризам на полето на традициите и културата – Фолклор“. Целта на проектот од Програмата за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија – 2.1 е подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот, преку иницијативи за соработка во подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство.
Проектот опфаќа:
- Изградба на инфо центар во Општина Пехчево;
- Набавена монтажна бина и опрема за одржување на фестивали и други настани во општина Пехчево;
- Реконструиран плоштад во с. Брезница, општина Гоце Делчев;
- Создадени услови за одржување на фестивали и други настани;
- Дефинирани насоки за развој на руралниот туризам во општина Пехчево- подготвена студија за развој на руралниот туризам во општина Пехчево;
- Обучени 30 луѓе за рурален развој ;
- Воспоставен заеднички фестивал и одржани два фестивали;
- Презентирани се музичките и фолклорните традиции на општина Гоце Делчев на фестивалот во Пехчево;
- Подготвен промотивен материјал;
- Создадена мрежа на заинтересирани страни во областа на културата, туризмот и традицијата во пограничниот регион;
- Креиран заеднички web портал.
Носител на проектот е Општина Пехчево, а партнер во проектот е Општина Брезница, Република Бугарија, проектот ќе биде финансиран од Оска 2.1 Подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот, преку иницијативи за соработка во подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство.
Во следните месеци претстои имплементација на одобрените проекти за финансирање кои ќе придонесат со своите активности за подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот, поддршка на развојот на туризмот и подобрување на конкурентноста на прекуграничниот регион.