Матурантите од Пехчево продефилираа по градскиот плоштад. Пленејќи со својата убавина, беа поздравени од огромниот број на граѓани кои излегоа на улиците да им оддадат почит.
Беше организирана пригодна манифестација на плоштадот од страна на општината, на која матурантите ги поздрави, градоначалникот Игор Поповски и им посака успех како при полагањето на државната матура, така и при уписите на факултетите, ги мотивираше да го продолжат своето образование, да бидат достоинствени и храбри да се соочат со предизвиците кои секогаш стојат пред човекот.
После обраќањето на градоначалникот, матурантите танцуваа валцер, а потоа се упатија во ресторанот да ја започнат големата забава.