5.9 C
Pehčevo

    Во тек е изградбата на патот до археолошкиот локалитет Света Петка во Пехчево

    Датум:

    Пат Св.Петка

    Археолошкиот локалитет Св Петка кај Пехчево до октомври ќе биде достапен за верниците и за туристите. Овде се гради пат во должина од 1, 5 км со средства обебзедени преку Порграмата за рурален развој во вредност од 8,5 милиони денари. Денеска на стартот на градежните работи, увид во работите изврши заменик-минситерот Ванчо Костадиновски:
    „Во тек е изградба на улица во .с Црник во должина од 1 км, инвестиција вредна околу 4, 5 милиони денари,како и уредување на езерото во Општина Пехчево, вкупно се инвестирани 13, 5 милиони денари“ , изјави Ванчо Костадиновски, зам. министер за земјоделие.

    Посета Костадинов1
    Преку двата повика од Програмата за рурален развој, Пехчево досега има добиено околу 400 илјади евра:
    „Имаме 6 проекти, 4 се завршени, останаа уште два, изградба на пристапен пат до туристичкото место кај манастирот Света Петка и улицата во село Црник“ , вели Игор Поповски, градоначалник на Пехчево.

    Посета Костадинов
    Во Малешевијата земјоделците коритстат околу 1000 хектари државно земјиште:
    „За овие 1000 хектар на земјоделците кои работат се издвојуваат субвенции во вкупна вредност од околу 4 милиони евра“ , истакна Ванчо Костадиновски, зам. министер за земјоделство.
    Инаку, Костадиновски истакна дека со овие инвестиции преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој ќе се придонесе во квалитетот на жиотот , ќе се решат инфратрсуктурни проблеми што ќе оди во прилог на реализацијата на актуелниот проект „Од град во село.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...

    Обврски за зимскиот период

    Соопштение до јавноста Обврски за зимскиот период         Почитувани...