18.3 C
Pehčevo

    Во Пехчево се одржа 14-та Регионална Пензионерска музичка ревија

    Датум:

    Пензионери
    Фолклорот и традицијата ги обедини пензионерите од источна Македонија на 14-та Пенизонерска музичка ревија во Пехчево. На сцената при домот на културата во Пехчево настапија околу 150 учесници, фолклорни групи и музички состави од пензионерските здруженија од Пехчево, Берово, Делчево, Виница, Македонска Каменица и Кочани.
    Пензионери1
    Претседателот на Здружението на пензионери од Пехчево, Борис Зарински, истакна дека тие се горди што, како што рече, нивната мала општина и  Здружение е домаќин на еден ваков настан.
    – Ова е во рамките на нашата годишна програма на нашето Здружение и сметаме дека овој настан има двострано значење. Како прво, ние како пензионери од третата доба од нашиот живот, малку да се разонодиме, а второ да шириме познанства и да се запознаваме со малите места како што е нашата општина, рече Зарински.
    Пензионери3
    На сцената се презентираше  богатство од носии, интерпретирани беа стари и заборавени македонски изворни песни со што пензионерите  на старата традиција и дадоа нов живот.
    За градоначалникот Игор Поповски, овој настан ја збогатува културната понуда во Пехчево и придонесува за негова промоција.
    Пензионери2
    -Има една изрека која вели дека кај возрасните е мудроста, а кај младите енергијата, но јас би додал дека денешнава средба е доказ дека има уште енергија кај пенизонерите и многу ми е драго што оваа средба се одржува во Пехчево, бидејќи со ова се дава пример на помладите дека треба да има дружење почитување меѓусебно и дека треба да се оддалечиме малку од современите техники и да се вратиме на нашата традиција и култура, рече Поповски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...